Митровски до Вељаноски: Дали мирно спиете што ја знаете вистината, а не ја кажувате?

Митровски до Вељаноски: Дали мирно спиете што ја знаете вистината, а не ја кажувате?

Обвинетиот Никола Митровски – Кољо му постави неколку прашања на сведокот Трајко Вељаноски за настаните од 27 април во Собранието. Меѓу дел од прашањата беа дали имал картичка за собраниските врати, дали добил СМС или вибер-пораки за да даде наредба да се отворат вратите.

„Дали имате грижа на совест за овие луѓе? Дали мирно спиете што ја знаете вистината, а не ја кажувате? Ќе се согласите ли со мене дека пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски не требало на своја рака да ги отворат вратите од Собранието”, го праша Никола Митровски сведокот Вељаноски.

„Кој ги отворил вратите, ќе си каже судот, јас не сум овде дојден да давам констатации за тоа”, рече кратко Вељаноски, на што Кољо му возврати дека очигледно тој ден не бил претседавач на собраниската седница.

Александар Василевски – Нинџа му постави прашања на Вељаноски за неговата улога на 27 април и дали им вртел на Билјана Бришкоска-Бошковски и на Сашо Василевски за да им дава насоки.

Тој рече дека тоа не е точно и дека може да го товарат за контакти со други луѓе на тој ден, но за тоа има материјални докази.

Треба да знаете
Последни објави