Манчестер сити му дадоа ново продолжување од пет и пол години на тинејџерот Фил Фоден, со што членот на англиската репрезентација до 21 година ќе остане во англискиот шампион барем до 2024 година.
18-годишниот Фоден е со Сити од својата осма година и дебитираше во клубот како замена во меч против Феенорд во ноември 2017 година. Тој стана познат во својата татковина кога постигна два гола за Англија во финалето на Светското првенство до 17 години против Шпанија во октомври 2017 година.
„Тој е голем талент кој е роден во Манчестер сити и тука сака да продолжи со својата кариера. Под Пеп Гвардиола и со фудбалерите од првиот тим тој има совршена шанса да се развива како фудбалер
„Тој е голем талент кој е роден во Манчестер сити и тука сака да продолжи со својата кариера. Под Пеп Гвардиола и со фудбалерите од првиот тим тој има совршена шанса да се развива како фудбалер“, изјави спортскиот директор на Сити, Чики Бегиристаин.