Скандалозна порака на навивачите на Шалке на дуелот против Борусија

Минатиот викенд во еден од најголемите дерби натпревари во Германија, Борусија Дортмунд славеше против големиот ривал Шалке со 2:1.

Дортмунд после три години успеа да го победи ривалот и тоа на гости, а со тоа и да го задржи првото место на табелата во Бундес лигата.

На трибините повторно владееше голема нетрпеливост, но овој пат домашните навивачи сепак претераа – тие истакнаа скандалозен транспарент на кој што пишуваше: „Смрт за Борусија Дортмунд. Слобода за Сергеј“.

Навивачите на Шалке со тоа побараа ослободување на човекот кој неодамна доби 14 години затворска казна откако постави експлозивна направа во близина на клубскиот автобус на Борусија Дортмунд.

Треба да знаете
Последни објави