Лука Модриќ, официјално најдобриот фудбалер во светот, во 2018 година, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, тврди познат шпански новинар.
Поранешен новинар вели, дека Модриќ одбил новиот договор што му го понудил клубот.
„Претседателот на Реал му понудил продолжување на договорот на уште две години под истите услови како досега, осум милиони евра годишно“, рекол тој и потоа открил дека Модриќ му поставил ултиматум на Перез.
„За да остане во Реал, Модриќ бара годишна плата од 10 милиони евра. Засега нема договор и се плашам дека нема да се договорат“.
Актуелниот договор што Модриќ го има со Реал истекува за 18 месеци, а тој неодамна изјави дека сака кариерата да ја заврши во Мадрид.
Минатото лето Интер беше сериозно заинтересиран за неговите услуги, но тогаш Перез не сакаше да го продаде хрватскиот репрезентативец.