Убиениот новинар со саудиско потекло, Џамал Кашоги е прогласен за личност на годината при изборот на престижниот магазин „Тајм“.
Како што е наведено, лауреатот го делат и други новинари кои се наречени чувари, на насловната страна на магазинот.
Второто место го зазеде американскиот претседател, Доналд Трамп, додека на третата позиција според магазинот е Роберт Милер, шефот на истражувачкиот тим што се занимава со наводното руско мешање во претседателските избори во САД.
Во финалниот избор се најде и рускиот лидер, Владимир Путин.