Мицкоски нема капацитет, нема понуда, со неоснованите барања нема да ги запре реформите, Македонија оди напред, реагира СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Единствена агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е блокада на реформите и обид за запирање на иднината во ЕУ и НАТО. Со неосновани барања и измислени причини за интерпелации нема да може да го одбрани криминалот на Груевски, нема да ги запре реформите“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Владејачката партија додава дека Македонија оди напред и нема да се варти во темното минато на криминал, корупција и изолација.