Денеска во индискиот град Мумбај ќе започне една од најскапите свадби во историјата, за чија организација наводно се потрошени повеќе 100 милиони долари, сума за која била организирана венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана.
Судбоносното „да“ ќе го изговорат Иша, ќерка на еден од најбогатите луѓе во Индија, тајкунот Мукеш Амбани и Ананд Пирамал, син на уште еден индиски милијардер.
Меѓу многуте гости ќе бидат и пејачката Бијонсе и поранешната прва дама на Америка, Хилари Клинтон, објави магазинот „Тајм“.



