Ѓорчев: Економијата е во надолна линија и не се реализираат проекти

Со жалење можеме да констатираме дека со оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев, кога станува збор за проекти и дела е буквално ставена на црна листа, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

„Ништо не е предвидено за Источна Македонија исто како што ништо од Владата не е предвидено да се прави и работи во Скопје за да се покрие тоталната неспособност, дебакл и фијаско на градоначалникот Петре Шилегов.

Ништо не е предвидени нути да се работи во Западна Македонија во делот на Гостивар кој што исто така е ставен на црна листа, во Тетово и тетовско, одбиени се нашите амандмани за Дебар и дебарско.

Одбиени се нашите амандмани за Пелагонија, за Битола и битолскот крај, за Прилеп и прилепскиот крај. Одбиение се нашите амандмани за Повардарието и за цела низа општини во тој дел“, изјави Ѓорчев.

Огромни средства се трошат, нашите амандмани се одбиваат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и додава дека станува збор за издржани проекти поддржани од граѓаните, а во исто време целата економија е во надолна линија и не се реалзиираат проекти.

Треба да знаете
Последни објави