Играчот од одбраната на Барселона наскоро би требало да стане сопственик на еден шпански тим.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Џерард Пике сака да го купи каталонскиот клуб Андора кој се уште работи на полупрофесионална основа и се натпреварува во регионалната лига на Каталонија.
Пике преку својата компанија ќе ги искористи сите погодности кои ги нуди Законот за спорт во Шпанија и ќе ја преземе контролата над клубот. Целите на шпанскиот репрезентативец се Андора да стане професионален клуб кој ќе стигне да се натпреварува во повисоките лиги во Шпанија.
Инаку, Андора е клуб кој е основан во 1942 година и во моментов се натпреварува во регионалната лига во Каталонија.