Двајца студенти победиле на националниот натпревар за најдобра студентска идеја за 2018 година во Србија, со нивниот проект наречен SmartWalk, што всушност претставува паметен тепих.
Жељко Поповиќ и Владимир Винчан се студенти на 4. година на факултет за Енергетика, електроника и телекомуникации.
Основната идеја за тепихот SmartWalk е да ја претвори механичката енергија од чекорите на луѓето во електрична енергија.
Студентите планираат во наредниот период да го реализираат првиот прототип на паметниот тепих кој ќе го постават пред влезот на нивниот факултет во Нови Сад.