Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) го распиша конкурсот за доделување на традиционалните награди на македонската писателска асоцијација за најдобри остварувања во 2018 година.
Како што соопштија од ДПМ, станува збор за наградите „Ацо Шопов” за поезија, „Стале Попов” за проза, „Димитар Митрев” за критика и есеистика, „Ванчо Николески” за книга за деца и наградата „Мост” за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија.
Конкурсот е отворен до 31.12.2018, а книгите до ДПМ треба да се испратат по пошта или да се достават во канцеларијата во по четири примероци. За доделување на наградите ќе решаваат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, литературни критичари и есеисти.
Наградите ќе бидат врачени на 13 февруари, идната година на денот на формирањето на ДПМ.