Европскиот суд на правдата денеска реши дека со регулативата на Европската комисија со која се утврдени границите за издувни гасови од дизел моторите се дозволени премногу високи нивоа на емисии, посебно за азотниот оксид.
Како што јави дописникот на МИА, Судот решаваше по жалбата на локалните власти на Париз, Брисел и Мадрид, кои имаат забелешеки на нормата ЕУРО 6, која го регулира количеството на издувни гасови од дизел моторите, оценувахќи дека таа своевиден начин претставува „дозвола за загадување”.