Протестите на „жолтите елеци“ во Франција, кои траат подолго од еден месец, поттикнаа демонстрации и во други земји, а слични протести сега се најавени и во Хрватска.
Поттикнати од успехот на француските демонстранти, слични протести почнаа да се одржуваат и во други европски земји, како Белгија и Холандија, а вакво движење се појави и во Хрватска, пренесе „Индекс.хр“.
На „Фејсбук“ отворена е група „Жолти елеци Хрватска“, која во моментов има околу 10.000 членови. Групата е основана од вонпарламентарната партија „Слободна Хрватска“. Првите протести на хрватските „жолти елеци“ се најавени за в сабота во Загреб, Пула и Ријека, со почеток во 12 часот.
Организаторите на протестите ги повикуваат да им се приклучат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус и состојбите во политичкиот и социјалниот живот.