Во големата сала на Општина Кисела Вода во тек е голема крводарителска акција. Досега голем број хумани граѓани и вработени во Општината ја покажаа својата хуманост, дарувајќи крв со цел да спасат нечиј живот.
Акцијата ја организираат Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвен крст – Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.Локалната самоуправа уште еднаш ги повикува сите хумани граѓани кои се можност да даруваат крв. Акцијата ќе се одвива до 15 часот.