Кривични за потпалувачите на „Мечка“, ни полицијата не ги кажува мотивите

Единица за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје ги предаде лицата П.П.(21) и С.М.(19), двајцата од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела и тоа првопријавениот сторил  кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, предвидени и казниво по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ и предвидено и казниво по член 288 од КЗ на РМ, а второпријавениот сторил кривично дело „помагање“ предвидено и казниво по член 24 од КЗ на РМ во извршување на овие дела.

Имено, на 26-ти минатиот месец околу 2.50 часот во угостителски објект лоциран на улица „Дане Крапчев“ во Скопје сопственост на С.Б., првопријавениот го отстранил прозорското стакло од влезната врата на ресторанот и со запалива течност го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата по што предизвикал пожар во објектот.

По пријавување на настанот, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот. На 11-ти овој месец по добиена усна наредба за вршење претрес во дом и други простории издадена од судија на претходна постапка, извршени се претреси во домовите на пријавените лица. Двете пријавени лица се лишени од слобода, извршен  е разговор со нив, при што второпријавениот во целост го појаснил текот и извршувањето на кривичното дело.

 

Треба да знаете
Последни објави