Новиот извршен директор на Интер, Џузепе Марота потврди дека клубот ќе продолжи да се потпира на тренерот Лучано Спалети.
„Нероазурите” влегоа во серија од прилично непријатни резултати, откако пред два дена испаднаа од групната фаза на Лигата на шампионите и ќе продолжат со настапи во Лига Европа.
Во италијанските медиуми денеска се појавија информации дека Спалети би можел да ја загуби својата позиција во Интер, а како можен негов наследник беше посочен Антонио Конте, со кого Марота е во многу добри односи.
– Спалети е одличен тренер. Тој треба да работи мирно. Клубот го поддржува во секој потег. Не е лесно да ги постигнеш целите кон кои се стреми Интер. Наша должност е да имаме високи цели. Спалети може да работи мирно, бидејќи клубот е зад него, рече Марота.