Понуда вредна милион евра за да се отворат портите на Шутка за
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков понудил над милион евра во имот како гаранција зада биде ослободен од притвор, дознава ТВ„Телма“ од судски извори.
За да излезе од притвор Мијалков понудил гаранција составена од три недвижни имоти, проценети на вкупно 1.092.000 евра.
Мијалков беше уапсен на 20 ноември, но тогаш беше притворен за предметот „Таргет-Тврдина“ каде е обвинет од СЈО, поради наводна опсност од бегство, но подоцна притворот му беше укинат, за да судот му одреди нов, 30 дневен за случајот „Империја“. Таму заедно со уште 12 лица, меу кои Орце Камчев се осомничени за перење пари.