Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пристигнувајќи на Самитот на ЕУ истакна дека покрај за Брегзит, ќе се разговара и за европската одбрана и безбедност, тензиите во Азовско Море, како и состојбата на Западен Балкан.
– Очекувам дека Европскиот совет ќе ги потврди нашите силни ставови и барања Русија да ги ослободи украинските бродови и екипажот. Ќе ја потврдиме и нашата силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и нашата позиција за непризнавање на нелегалната анексија ан Крим, како и значителниот пакет помош кој ЕУ и го дава на Украина и е подготвена да го зголеми, посочи Могерини.
Таа најави дека лидерите на ЕУ денеска ќе разговараат i за претстојниот Самит на ЕУ и Арапска лига, кој е планиран за почетокот на следната година во Брисел.
– Лидерите ќе ја разгледаат и ситуацијата на Западен Балкан и другите теми подготвени од министрите за надворешни работи, потенцира Могерини.