Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на реновираниот регионален пат Лакавица-Србиново и на почетокот на изградбата на новиот пат кој води до депонијата „Русино“ во Гостивар, со должина од 2,5 километри.
Како што информираат од ресорното министерство, со овој значаен инфраструктурен чекор се создадени подобри услови за безбедно движење на сообраќајот за жителите на седум села од Србиновкиот регион, додека со патниот правец кој води до регионалната депонија, започнува реализацијата на проектот од регионален карактер.
„Министерството за локална самоуправа во континуитет ги поддржува градежните инфратуктурни проекти, а ова го потврдуваме и денеска со пуштањето во употреба на реконстуираниот дел од реновираниот пат. Обезбедивме над 4 милиони денари со што беше уфрлен чекор за реализација на овој проект. Голема заслуга имаат и луѓето од овој крај кои помогна во реализацијата на работите. Се надевам дека за жителите оваа инвестиција е добредојдена, уште повеќе кога се знае дека во планинските села се потребни вистински инвестиции кои ќе придонесуваат за намалување на миграцијата, која сега стана главна пеокупација за сите нас. Се надевам дека жителите на овој регион новиот асфалтен пат ќе го користат долго и безбедно“, истакнал Фазлиу и додал дека Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе продолжи да работи во насока на подобрување на условите за живот на жителите во селата и помалку развиените региони.