Англискиот шампион Манчестер Сити со победа над Хофенхајм од 2-1 ја заокружи првата фаза и позицијата број еден во групата Ф во Лигата на шампионите.
Иако „граѓаните“ беа огромни фаворити, мораа добро да се испотат за да дојдат до победата над бундеслигашот. Човек на одлука беше Сане кој постигна два одлични голови во судиското продолжение на првиот дел и во 61 минута со што го „избрша“ погодокот на Крамариќ за гостите од Германија.
Покрај Сити од оваа група во нокаут рундата оди и Лион кој остана непоразен кај Шахтјор Доњецк, резултат кој во целост му одговараше. Мораеш во првиот дел донесе голема радост за домаќините, а пак конечните 1-1 ги постави Фекир во 65 минута.
Луд натпревар се одигра во Амстердам каде Ајакс и Баерн Минхен понудија вистински спектакл со шест погодоци, цва црвени картони за конечни 3-3 кои во случајов му донесоа на германскиот шампион прво место во групата Е и „полесен“ противник во осминафиналето на елитното натпреварување.
Тадиќ и Левандовски дадоа по два гола, а во листата на стрелци се запишаа Талјафико и Коман. Црвени картони пак добија Вобер и Милер.
Баерн и Ајас продолжуваа во ЛШ, додека Бенфика која го победи АЕК со 1-0 ќе разигрува во ЛЕ.