За да може да учествува на каков било ТВ дуел Христијан Мицкоски прво треба да собере храброст и да каже јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија, за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа одговори СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тв дуел со премиерот Зоран Заев.
„Мицкоски, охрабри се, кажи јасен став, која е алтернативата на ЕУ и НАТО?
Мицкоски, кажи зошто си против НАТО, зошто си против ЕУ?
Освен што ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски досега не кажал јасен став за најважните прашања, дали е за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на Договорот од Преспа. Напротив, со своите јавни настапи, со своите активности Мицкоски јасно се профилира анти ЕУ и анти НАТО.
Со таквите ставови, Мицкоски покажува дека е дел од антизападната матрица на некогашниот сопартиец Филип Петров, некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“ соопшти партијата.