Состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нема да има се додека Русија ги држи во заробеништво украинските бродови и нивниот екипаж, кои беа запленети во близина на Крим, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.
„Не гледам околности дека во блиска иднина би можело да дојде до организирање на таков состанок, доколку бродовите не бидат пуштени“, изјави Болтон за новинарите во Вашингтон, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
На 25. ноември руските сили запленија три бродови на украинската морнарица во Кречката теснина која ги поврзува Црното Море и Азовското Море, со образложение дека бродовите илегално влегле во руски територијални води.