Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди (23) кој е член на шпански Леванте со своите квалитети стана интересен за голем број европски клубови, а најнов на листата е московски Спартак.
Според пишувањата на дел од руските медиуму, Спартак Москва е подготвен да плати 13 милиони евра за Барди да го види во цевено-белиот дрес.
Сепак, според проценките на Леванте, Барди во моментов вреди 20 милиони евра, па останува да се види дали ќе дојде до договор меѓу двата клуба.
За Барди, кој во 2017 дојде во Леванте од унгарски Ујпешт, наводно интерес пројавиле и тимовите на Валенсија и Лајпциг.
Во оваа сезона, Барди одигра 14 меча за Леванте на кои имаше биланс од еден погодок и две асистенции.