Будистички свештеник кој медитирал во шума во индиската сојузна држава Махараштра, бил нападнат и убиен од леопард, објави „Би-би-си“.
Рахул Валке медитирал под дрво во шумата Тадоба, која е дел од резерват за тигри.
Валке бил член на будистички храм лоциран во таа шума, но поради потребата за уште помирно место за медитација, тој се оддалечил од центарот.
Вработените во паркот Тадоба претходно ги замолиле свештениците да не се оддалечуваат премногу од храмот.
„На сите би им препорачал да не влегуваат длабоко во таа шума“, рекол еден од враборените за „Би-би-си“ и додал дека сега со колегите работат на фаќање на леопардот.
„Поставивме два кафеза и стапица со камера“, објаснил тој.
Свештеник од истиот храм за „Би-би-си“ изјавил дека го видел животно како го напаѓа Рахул кога во средата наутро дошол во шумата со цел да му донесе храна на својот пријател.
Тој отрчал по помош, но кога се вратил со другите, Рахул Валке веќе бил мртов.
Се проценува дека 88 тигри живеат во резерватот Тадоба. Но, таму престојуваат и многу други диви животни, како што се леопарди, хиени, мечки и јазовци.