Познатата Баба Ванѓа која што го предвиде Брегзит и создавањето на Исламската држава, меѓу другото, има прогноза и за 2019-та година, тврдат нејзините верни следбеници и толкувачи на пророштвата.
Балканскиот Нострадамус, како што ја нарекуваат Баба Ванѓа и натаму има голем број на следбеници затоа што голем број од нејзините пророштва се имаат остварено.
Кога станува збор за новата 2019-та година, се предвидува дека Европа ќе биде погодена од економски колапс, а главна вест е дека ќе има обид за атентат над рускиот претседател Владимир Путин. Таа верувала дека заканата по животот на Путин ќе дојде од неговиот тим за обезбедување, но не е јасно дали рускиот претседател ќе биде убиен, или ќе го преживее атентатот.
Познато е дека Баба Ванѓа досега успешно има предвидено неколку работи, како на пример инвазијата на исламските екстремисти во Европа во 2016-та година, конфликт кој што таа предвиде дека ќе започне со арапската пролет во 2010-та година. Таа исто така предвиде дека и Владимир Путин ќе завладее со Русија и светот.
„Сите ќе паднат, како мразот кога се топи, а само еден ќе остане недопирлив – славата на Владимир, славата на Русија“, рекла Баба Ванѓа во 1979-та година за време на нејзината средба со писателот Владимир Сидоров.
Според експертите, 68% од нејзините пророштва се исполниле, односно помалку од 85% колку што тврдат нејзините следбеници.