Инстаграм започна да тестира нова функција – специјални профили за „инфлуенсери” и познати личности, наречена „Криејтр Акаунтс” (Creator Accounts).
Меѓу специјалните функции се пример филтрирање на директни пораки и алатки за детална анализа на следбениците.
Новите профили се тестираат со ограничен број на корисници, но наскоро се очекува нивната цифра да порасне.
Со филтрирањето на директните пораки, влијателните ќе можат да ограничат кој може да се поврзе со нив. Деталните алатки за анализа ќе им овозможат пристап до податоци кои покажуваат колку корисници ги следат или сопираат да го следат нивниот профил. Покрај тоа, тие ќе можат да користат етикети, со кои ќе обележуваат кои следбеници се медиумски или деловни контакти.
Како и со верифицираните профили во Tвитер, и тука идејата е да се даде поголема контрола на „инфлуенсерите” над нивното искуство и користење на платформата за рекламни цели.