Австрискиот канцелар, Себастијан Курц истакна по повод шпекулациите за одржување на нов референдум во Велика Британија, дека Британците се добредојдени доколку сакаат да останат во Европската Унија.
Во интервју за „Ое24“, Курц изјави дека тоа би било голема добивка.
Нагласувајќи дека вратата е отворена за Британците по референдумот, Курц порача дека нема да има нови преговори за договорот за брегзит, но можно е ЕУ да им излезе во пресрет на Британците во врска со иднината на односите со Унијата.