По одлуката на словачките власти да протераат еден руски дипломат од таа земја, Москва реагираше со реципрочна мерка, пренесе Спутник.
Минатата недела словачкиот премиер Петер Пелегрини прогласи за непожелен граѓанин на Русија, со образложение дека се занимавал со разузнавачки активности против Словачка и НАТО.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, соопшти дека Русија го прогласила словачкиот воен аташе за персона нон грата.
Таа навела дека на 11 декември била упатена протестна нота до амбасадорот на Словачка во Москва.