Прилепчанецот А.Д.(24) бил тешко повреден кога моторот што го управувал удрил во автомобил, вчера во Прилеп.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера на крстосницата од улиците Марксова и Самоилова. Тогаш автомобил „опел“ управуван од С.А.(36) од Прилеп, и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.Д…
Во несреќата моторџијата бил тешко повреден по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.