Челзи изгуби први бодови во Лигата на Европа

МОЛ Види и Челзи одиграа нерешено 2:2 во натпревар од групата „Л” на Лига Европа, одигран во Будимпешта.
Со овој резултат Унгарците отпаѓаат бидејќи БАТЕ Борисов победи со 3:1 на гостувањето кај ПАОК, со што си го обезбедија второто место во конечниот пласман.
Унгарците успеаја да направат пресврт со автоголот на Ампаду и Него против еден од фаворитите за титулата, откако губеа по голот на Вилиан во 30-тата минута.
Но и тоа не помогна на домаќините, бидејќи Оливие Жиру израмни во 75-тата минута по одличен удар.
Со тоа челзи ги загуби првите поени оваа сезона во ЛЕ, но остана на чело на табелата и се пласираше во елиминацискта фаза на второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент.
 
Резултати од натпреварите од 18,55 часот:
Група „Г”
Виљареал – Спартак Москва 2:0
Рапид Виена – Ренџерс 1:0
Група „Х”
Марсеј – Аполон Лимасол 1:3
Лацио – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Група „И”
Бешикташ – Малме 0:1
Генк – Сарпсборг 4:0
Група „J”
Севиља – Краснодар 3:0
Ахисар Беледиспор – Стандард Лиеж 0:0
Група „К”
Рен – Астана 2:0
Динамо Киев – Јаблонец 0:1
Група „Л”
ПАОК – БАТЕ Борисов 1:3
МОЛ Види – Челзи 2:2.
Треба да знаете
Последни објави