Овие 24 часа беа пеколно лоши за тимот на Милан. Откако синоќа беа елиминирани од Лига Европа, денеска пристигна казната од УЕФА која на клубот му беше изречена поради прекршување на правилата на Финансискиот фер плеј (ФФП).
Милан доби парична казна од 12 милиони евра, како и условна казна за забрана за настап во европските натпреварувања.
Италијанскиот клуб промени тројца сопственици во периодот од последните две години и остана во минус во Финансискиот фер плеј, што значи дека клубот потроши повеќе отколку што има заработено во последниот период.
Условната казна која ја доби Милан се однесува на „израмнување на сметките“ во ФФП. Клубот мора да биде барем на позитивна нула до 30 јуни 2021 година, во спротивно ќе следува двегодишна забрана од европските натпреварувања во сезоните 2022/2023 и 2023/2024.
Клубот има право да испрати жалба на одлуката.