Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, на „Фејсбук“ напиша дека моменти ги делат од историското гласање за формирање војска.
„Ветуваме дека ќе обезбедиме мир за сите кои живеат со нас во нашиот заеднички дом. За Косово да стане дел од НАТО-пактот, идната војска секогаш ќе го штити животот, достинството и интегритетот на граѓаните“, напиша Харадинај.
Тој претходно изјави дека со денешното гласање за трансформација на Безбедносните сили на Косово во Вооружени сили на Косово за Србите ништо нема да се смени на лошо. Наместо тоа, порача Харадинај, може да им биде само подобро.
„Ништо нема да се смени на полошо кога станува збор за правата на Србите на Косово со гласањето за војската. Тоа нема да се случи ниту во нивните животи ниту во нивната безбедност. Може да биде само подобро“, рече Харадинај.
Додаде дека со формирање на војската, Косово ќе биде побезбедно. Според него, формирањето на војска е во интерес за сите во регионот.