Неколку илјади антивладини демонстранти синоќа се судрија со полицијата пред зградата на Парламентот во Будимпешта. Полицијата употреби солзавец за да ги разбие.
Демонстрантите прво поминуваа низ центарот на Будимпешта, а потоа се вратија на плоштадот Кошут. И покрај повиците протестот да остане мирен, почнаа да фрлаат со шишиња и запаливи бомби кон полицијата, која употреби солзавец за да го обезбеди Парламентот.
#Budapest #Hungary pic.twitter.com/aJsQLXWzB4
— Balazs Csekö (@balazscseko) December 13, 2018
Протестот беше организиран поради неодамнешните измени на Законот за работа за кој синдикатите и опозицијата тврдат дека ќе им наштети на работниците.
Помеѓу демонстрантите имаше голем број студенти, кои исто така протестираат за затворањето на Централниот европски универзитетот, основан од Џорџ Сорос.