Заев: Нема да бидат за тероризам, но казни за 27 април мора да има

Премиеро Зоран Заев изјави дека Законот за амнестија веројатно ќе се оформи до крајот на неделата и оти за него се дабатира во СДСМ, а со цел да донесе помирување, подавање на рака, прво во Собранието, а со конечна тенденција тоа да продолжи по вертикално ниво и кај навивачките групи и во општините и кај подмладоците во партиите и насекаде.

-Самиот Закон, прави јасна дистинкција, разграничување, што значи учество во насилството, зборува за маскираните луѓе во насилството, што значи тие што кренале рака и употребиле насилство, што значи организацијата или осмислувањето на настанот. Веројатно самиот Закон ќе испрати порака на помали казни, дури и за тој дел. Значи, амнестија за сите, коишто не учествувале во насилство, или не биле организатори, да, во самиот Закон е проектирана. Но и самите членови во Законот, коишто доведуваат до идното казнување, нема да бидат тероризам, со над 10 години казни, веројатно ќе бидат со помали почетни казни, но казни ќе има, заради тоа што секој систем на казнување во целиот свет, ја има целта да ја испрати пораката, да не се повтори никогаш повеќе, рече Заев.

Спорд него, сето тоа значи јасна дистинкција дека се носат политички одлуки со целата своја одговорност.

Јас ја отворив оваа работа во Парламентот и верувам дека ќе успее да помогне во Македонија, за ова толку потребно помирување, кое што ни е потребно во државата, но истовремено ќе ја испрати пораката дека казнувањето мора да опстои, но и најважната порака на немешање во правосудството. Значи, Парламентот ја носи одлуката, согласно донесениот Закон веројатно така ќе се носат и одлуките во правосудството, но немаме никакво мешање што ја става Македонија на сигурна позиција. Да разграничи, што е одлуки на правосудството, обвинителството и на судовите, а што е одлуки на Парламентот или политичкиот дел од власта, заедно со извршната власт, во делот на постигнувањето на ваквите аспекти. Уште еднаш, да потенцирам, дека тоа го правиме во време, во кое што сите стоиме, барем за две заеднички цели, интеграцијата во НАТО, интеграцијата во Европската Унија. Сега е моментот, да направиме чекори и да постигнеме помирување во државата, затоа што таму каде што има ги има слогата и единството, може да очекуваме и поголеми успеси за Македонија, рече премиерот.

 

Треба да знаете
Последни објави