Да добро прочитавте, немаат сите луѓе проблем со дебелина, некои имаат проблем и со неухранетост…
Полубелиот леб и тестенините, јајцата, билните масла и сите видови на месо би требало да ви бидат на секојдневното мени.
Главно слушаме совети како да ослабиме, но што е со оние кои би сакале да се здебелат?
Нутриционистите и за тоа имаат решение, па предложуваат да се започне со воведување на конкретни намирници и да се воведат пет задолжителни оброци.
Полубелиот леб и тестенините, јајцата, билните масла и сите видови на месо би требало да ви бидат во секојдневното мени. Овошјето и зеленчукот исто така се подразбираат, како и костенливите и јаткастите плодови, а пред се оревите бидејќи се најмасни.
Пожелни се и млечните производи со додаток на мед, па дури и свежите овошни сокови во кои се додава кафен шеќер. Оброците не би требало да се подготвуваат така што ќе бидат премногу масни и зачинети, бидејќи заблуда е дека така се добиваат килограми, а притоа се влошува и здравјето и се зголемува нивото на холестерол и шеќер.
Ефектот се постигнува и со редовно вежбање. Препорака е да се применуваат вежби кои ја зајакнуваат мускулатурата.