Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур, Шериф Чекат, не бил запрен пред да го изврши нападот.
Имено, тој беше на листата на сомнителни радикализирани лица на француската разузнавачка служба пред да убие четири лица на божикниот панаѓур во вторникот.
Полицијата се обиде да го уапси претходно истиот ден, но не успеа да го стори тоа, објави АП.
Макрон рече дека Франција треба да научи од последиците од кој било полициски неуспех и да работи на она што може да се подобри.
По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, Макрон отиде во Стразбур да им оддаде почит на жртвите од нападот и да се сретне со безбедносните сили.
29-годишниот напаѓач Шериф Чекат, по кого беше издадена потерница, беше убиен вчера во Стразбур по два дена бегство.
Божикниот панаѓур во францускиот град Стразбур денеска е повторно отворен по помалку од три дена откако радикалниот исламист Шериф Чекат изврши терористички напад, во кој загинаа четири лица, а беа повредени десетина.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, присуствуваше на повторното отворање на саемот што се рекламира како главен град на Божик и привлекува речиси два милиона посетители секоја година.