Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ би можел да ја продолжи својата кариера во Премиер лигата.
Како што пренесува италијански медиум, наводно Хрватот изразил желба да го напушти Интер и да се пресели во Премиер лигата, а голема е веројатноста крилниот напаѓач на „Нераѕурите“ да го напушти Милано веќе во јануари.
Интерес за неговите услуги веќе покажа Манчестер Јунајтед и најголема е веројатноста токму „Олд Трафорд“ да биде следната дестинација на Перишиќ.
Засега не е познато кој ќе биде износот кој што Јунајтед би им го исплатиле на Интер, а исто така голема е веројатноста во обратен правец да пристигне Ентони Марсијал.