Русковска не размислува за преквалификација на кривичното дело за 27 април

Обвинителката Вилма Русковска по денешното рочиште за 27 април, а во врска со најавите за амнестија на учесниците во настанот рече дека не размислува за преквалификација на делото.

-Не знам што содржи законот и дали воопшто ќе треба нова квалификација. Беспотребно лицитираме треба да го видам предлог-законот и до тогаш не можам ништо да кажам. Јас искрено, воопшто не размислувам за преквалификација и не се сомневам дека обвинението треба да биде „терористичко загрозување на уставниот поредок’, рече обвинителката Рускоска, која најави дека наскоро ќе излезе со предистражна постапка за нарачателите на настаните од 27 април.

Треба да знаете
Последни објави