Британската премиерка, Тереза Меj, изјави дека за време на самитот на ЕУ разменила остри зборови со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во врска со неговата употреба на зборот небулозен, кој, како што некои сугерираа, бил наменет за да ги опише нејзините расмислувања.
Во соопштението што се однесуваше на преговорите за Брегзитот Јункер ја критикува дебатата за напуштање на ЕУ од страна на Велика Британија велејќи дека тоа повремено е небулозно и непрецизно, објави АП.
Иако од снимката не е јасно што разговараат, читачите од усни рекле дека Меј го прашала „како си ме нарекол? Небулозна?, а Јункер негирал.