Претседателите на Турција и САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, се согласија да има ефикасна соработка во Сирија, соопштија од Анкара, која неодамна ја објави новата воена офанзива против курдските борци во северниот дел на Сирија, пренесува РСЕ.
Ердоган и Трамп во телефонски разговор се согласија дека нивните земји имаат ефикасна соработка во Сирија, соопштија извори блиски на турскиот претседател.
Турскиот претседател неодамна изјави дека во наредните денови ќе биде поведена нова воена операција против курдските борци во Сирија, кои Анкара ги смета за терористи, а кои имаат поддршка од САД во борбата против милитантите на Исламската држава.
Турските сили веќе имаа две операции против курдските борци во Сирија. Првата беше спроведена во 2016 година, а втората почна оваа година.
Арапско-курдската коалиција ја има поддршката на меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против џихадистите во Сирија.