Меланија без сопругот се појави помеѓу американските војници, сите сакаа “селфи” фотографија со првата дама!

Американската прва дама Меланија Трамп синоќа ја посети воздухопловната воена база во Хемптон, Вирџинија, каде се дружеше со војниците и децата. За таа прилика влезе во историјата како единствената прва дама која леташе во воениот авион Оспри.

Таа подоцна напиша на социјалните мрежи за неверојатниот лет кој го имала како и дека времето поминато со војниците било одлично.

Меланија го разгледуваше и борбениот авион F-22 Raptor и исто така им се обрати на присутните војници, од кои повеќето биле вратени од своите мисии.

Таа се дружела и разговарала со децата, а она што беше впечатливо е тоа дека позирала со војниците кои правеле селфи со неа.

Будното око на фотографите не пропушти да забележи дека многу згодни војници ја замолиле првата дама да се фотографира со нив, на што таа прифати со задоволство.

На социјалните мрежи поединци оставале непромислени коментари и истакнале дека овие фотографии ќе завршат во спалните соби на војниците. Имаше и коментари за тоа што ќе каже Трамп после ова.

Меланија отворено проговори за работите со кои најтешко се справува како прва дама. Имено, рекла дека бизарно е што луѓето градат кариера искористувајќи го нејзиното и името не нејзиното семејство и тоа дека пишуваат историја која не е точна.

Треба да знаете
Последни објави