Црногорски државјанин претепал двајца скопјани, ноќеска во населбата Аеродром, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил во 3.20 часот во угостителски објект на булеварот Јане Сандански. Тогаш Н.М.(19) и С.К.(21) од Скопје биле физички нападнати од Ј.Ш.(29) од Црна Гора.
Момчињата побарале лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им биле констатирани телесни повреди. Полицијата го привела Ј.Ш. и против е поднесена соодветна пријава.