Британец со измама го пропатувал светот без да потроши ниту една фунта
Британец бил уапесен откако е утврдено дека крадел лозинки од вработени во туристички агенции, по што самиот си закажувал патувања чија вкупна вредност изнесува 44.000 фунти.
Станува збор за 28-годишникот Адам Грифитс кој посетувал туристички агенции и се распрашувал за цените на аранжманите, а прита внимателно следел што вработените прават и ги крадел нивните лозинки за регистрација во системот. Потоа Британецот самиот се логирал во системите и си резервирал патувања низ целиот свет, а на социјалните мрежи се фалел со фотографии од егзотичните екскурзии.
Меѓу другите места, Грифитс си резервирал престој во луксузниот хотел Бурж ал Араб во Дубаи и лет со прва класа, потоа патување на Сејшелите за себе и за своите пријатели итн.
Интересно, одбраната во судот изјавила дека тој по грешка си резервирал и патување кое вклучувало само појадок наместо целосна услуга, а бидејќи бил невработен и кај себе имал само една фунта, во таа ситуација дури и гладувал за да издржи до крајот на летувањето. Младиот Британец е осуден на две и пол години затвор.