Авганистан: Ќе се казнуваат ли мажите кои гледаат во жени подолго од 14 секунди?
Шпекулациите дека авганистанската влада размислува да воведе закон со кој ќе се пропишува мажите да можат да гледаат во жени само 14 секунди предизвикаа реакции на социјалните мрежи.
Како што се наведува, законот е во подготовка, а според шпекулациите казната за предолго гледање ќе биде 130 долари. Некои предлагаат девојките во иднина со себе да носат штоперици. Други, пак, како метод за избегнување на кршење на законот сугерираат трепкање со очите во 13-та секунда од гледањето во жената.
Трендот станал вирален во последните неколку дена, особено на „Фејсбук“, а се чини дека многумина корисници погрешно мислат дека законот е веќе на сила. И покрај иронијата во пораките на социјалните мрежи, сепак, овие случувања го нагласуваат длабоко вкоренетиот проблем со злоопотреба на жените во Авганситан.
Во оваа конзервативна земја жените редовно се вербално и физички злоопотребувани кога ќе излезат од дома.