Детската кардиохирургија не со истата судбина како таа на хемодијализата
Предуслов за реализација на ЈПП во сите сфери, а посебно во здравството е комплексна и добро подготвена Национална Програма и Стратегија за имплементацијата на ЈПП. Министерот за здравство се обидува да реализира еден проект немајќи ги основните подготовки за него, а најважно од се нему му фали транспарентност за целиот проект. Преку ЈПП државата досега има искуство само со давањето на паркинзите со концесија, во градежништвото, собирањето на сметот и др.
Употребата на ЈПП во здравството е комплексна работа и бара сериозен пристап. И претходната влада реализираше сличен проект, давањето под концесија на Центрите за Дијализа, но претходно ја покачија цената за еден третман за 30%, значи приватникот ги доби сите јавни центри за Дијализа и со скромна инвестиција му се овозможи богатење на грб на државата и пациентите. Се прашуваме дали е ова проектот ЈПП што сака да го реализира министерот Филипче??
Во земјите на ЕУ или во светски рамки, имплементацијата на овој проект во здравство е направен со претходна студија за неговата реализација, областите каде ќе се аплицира, начинот на апликацијата, очекувањата, времетраењето, придобивките и др. Конкретни примери имаме и во соседството каде се почитувани сите протоколи и се видливи првите позитивни ефекти. Министерот не ни нуди ништо од гореспоменатите критериуми, но се обидува со импровизација да имплементира еден систем не давајќи при тоа никаков план или податок. Овој начин на приватизацијата што сака да го наметне министерот, овој пат во областа на детската кардиохирургија ќе предизвикува уште поголем распад на Клиничкиот Центар и масовно бегање на медицинскиот персонал од државата. Како предуслов за ова е првин да се инвестира во Јавното здравство, да се подобрат условите и се нудат по квалитетни здравствени услуги. Не може да се настојува на ЈПП додека јавното здравство се распаѓа.
Секторот за здравство при Алијансата за Албанците го повикува министерот Филипче да отвори јавна и транспарентна дебата и да Научи од нас како треба да се имплементира овој толку важен проект, важен и во модерниот свет.