Поради пожар во зоолошката градина во Честер, една од најголемите во Велика Британија, евакуирани се посетителите, а животните од нивните загрозени живеалишта се пренесени на безбедно место.
Пожарот избувнал во објектот тематски посветен на монсунската шума, каде што животните живееле во суптропски услови. За ширењето на пожарот придонел и ветрот.
Зоолошката градина соопшти дека соработува со службите за итни интервенции за да се стави ситуацијата под контрола, објави агенцијата АП.
„Орангутантите од Суматра и другите цицачи, кои се најранливи, се сите на број. Напорно работиме за прецизно да ги преброиме сите останати видови“, соопшти градината во објава на „Твитер“.
Во зоолошката градина, отворена во 1931. година, има околу 15.000 животни, вклучувајќи и околу 500 различни видови, од кои половина се сметаат за загрозени.
Fire at Chester Zoo – hope humans and animals evacuated safely – fire crews arriving on their scene. @CheshireLive pic.twitter.com/AI7R2ARANW
— David Wearing 🦩#AntiRacist (@DWearing1972) December 15, 2018