Катар денеска повика на формирање нов регионален сојуз што би го заменил Советот за соработка во Заливот кој не успеа да ја реши кризата меѓу Катар и неговите соседи.
Катарскиот министер за надворешни работи шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека бојкотот на Катар што го спроведуваат Саудиска Арабија и нејзините сојузници веќе 18 месеци неповратно му наштетил на Советот за соработка во Заливот основан во 1981 година и кој според него, е „без вистинска власт”.
Тој политички сојуз ги опфаќа Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ, Кувајт, Катар и Оман. Со него доминира Ријад и замислен е како противтежа на Иран.
-Оваа криза го поткопа сојузот. Според тоа, постоечкиот сојуз треба да биде реструктуиран за да се обезбеди страбилност и безбедност во регионот во иднина, рече министерот на дводневната конференција Доха Форум.