Норвешкиот скијач Александр Килде победи на денешната трка на спуст патеката од Светскиот куп во алпски дисциплини возена во италијанската Вал Гардена.
Второто место му припадна на Австриецот Макс Франц, додека трет беше Беат Фојц од Швајцарија.
Пласман на првите пет на спустот во Вал Гардена:
1.Александар Кил (Норвешка) – 1.56,13 минута
2. Макс Франц (Австрија) – 1.56.99
3. Беат Фојц (Швајцарија) – 1.57.05
4. Бррајс Бенет (САД) – 1.57,11
5. Стивен Најман (САД) – 1.57,14.
Франц останува лидер во Генералниот пласман од Светскиот куп со 319 бода.