Конфередерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска на мирен протест во Прилеп ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, усогласеност со минималната плата и исплата на К-15. Синдикалците побараа работа без притисок и мобинг, почитување на законите и колективните договори. КСС исто така се противи на најавениот трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.
-Знаеме дека во јавната администрација веќе почнаа да се прават трансфер листи. Ние како синдикати не сме информирани за правењето на тие трансфер листи. Тоа се прави задкулисно, одредена група луѓе во одредени институции ги прават. Ние кажавме дека жестоко ќе се спротивставиме на тоа, затоа што треба прво да се донесат одредени законски решенија и начинот на кој треба тоа да се изведе. Но, и покрај тоа, еве кажуваме и тука, дека треба да сопре вработувањето во јавната администрација на партиски кадри и дека одливот на вработени од јавната администрација ќе биде природен во овие 2-3 години, рече Благоја Ралповски, претседател на КСС.
Според него, парите за трансфер листи треба да се употребат за преквалификација или доквалификација на одредени вработени. Ралповски кажа дека продолжиле партиските вработувања против што се бореше целата македонска јавност.
СОНК обвини дека се вршел притисок врз вработени во училиштата во Прилеп да не излезат на денешниот протест, а на наставбиците има се закажувале задолжителни активности. Во Прилеп за една година, според нив, на улица останале илјада наставници.