Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту во следниот парламент, порача лидерот на грчка опозициска партија, Кирјакос Мицотакис.
Тој во говорот на партискиот конгрес го обвини Ципрас дека го поделил грчкиот народ и никогаш не се обидел да создаде услови за национален консензус за решавање на националното прашање, но и дека направил размена со Европејците за да нема кратење на пензиите.
Според него, едно е здравиот патриотизам, а друго квази – патриотизмот и побара од граѓаните да не дозволат да се оцрни вистинскиот патриотизам. Побара и „да му ја пратат сметката на Ципрас на изборите, да ги одржи час порано и народот со гласот да каже дали го сака или не Договорот од Преспа“.